Сакате да бидете известувани за Новостите и промоциите на ЛТ Радио? Тогаш внесете


ЛТ Радио - Музичка Станица... 24/7 Македонска Музика...
ЛТ е ново музичко интернет радио, кое со официјалната работа започна 05 Октомври 2009. Ова радио е единствено до сега кај нас кое исклучиво ќе ја промовира македонската музика. Посветено на пејачите, музиката и новостите од домашната музичка сцена, ЛТ Музичката Станица ќе биде постојано во тек и ќе промовира и известува за сите новитети од областа на македонската музика и култура. За таа цел, сакајќи да бидеме секогаш актуелни и навремено да ги промовираме сите достигнувања и нови мелодии, Музичката Станица јавно ги повикува сите македонски пејачи, менаџерите и продукциите со кои тие соработуваат редовно да ги испраќаат сите новости како и новите песни на нашата интернет адреса – ltradio@radiolt.com.
Со тоа, сите новокомпонирани песни ќе бидат пуштени и промовирани и ќе останат како дел од архивата на историјата на македонската музичка сцена. Заедно да ја поддржиме македонската музика и пејачи, да ги подигнеме на соодветното место кое вистински го заслужуваат со својот талент, работа и кариера.
ЛТ Радио има големи изненадувања за своите слушатели затоа бидете и вие дел од ова Музичо радио.


Со почит,
ЛТ Радио - Музичка Станица



-Задоволство е да се работи она што најмногу се сака!-


- Медиумската конкуренција е се поголема а стилот на медиумите се повеќе наликува на едно исто. Како радиото ќе се издвои од останатите? Што ќе биде негова препознатливост со која ќе може да се истакне?
Петар: Да. Точно е дека медиумската конкуренција е се поголема и секојдневно има нешто ново и се наликува едно на друго, но работиме на тоа да се разликуваме од сите останати со понуда на интересни теми кои ги нема на друго место. Тоа веќе го правиме на новата интернет страница на радиото. Долго време истражував што се недостасува на македонскиот интернет простор и ќе продолжам да истражувам за да можеме да понудиме корисни и интересни информации примамливи за македонските културни работници (пејачи, композитори, текстописци, глумци и т.н.) ЛТ Радио – Музичка Станица ќе биде препознатливо по тоа што ќе нудиме исклучиво информации од македонската сцена, македонските пејачи, глумци она што го имаме овде, она што е наше - македонско.
- Бидејќи се предвидува дека интернетот ќе биде иднината на сите медиуми денес, колку тоа за радиото е сигурност за слушаност?
Петар: Хммм... Сигурност за слушаноста на ЛТ Радио-Музичка Станица не е во тоа што интернетот ќе биде иднината на сите медиуми. За да биде слушано и посетувано треба да се понуди квалитет, доколку не го направиме тоа колку и да биде популарен интернетот едноставно нема да биде слушано. Сепак, мислам дека само квалитетот може да биде пресуден за слушаноста. Ништо друго.
- На кој начин ќе се популаризира радиото?
Петар: Со содржината, со информациите кои ќе ги има и со сето она што ќе биде понудено, со точни и брзи информации...
Ристе: Со својата програма, со секогаш нови работи и секогаш споени за македонската естрада и македонскиот филм.
Тони: Според мене популарноста е резултат на квалитетот, затоа ние се трудиме да им го пренесеме на слушателите она најквалитетното, а тоа ќе го правиме преку најдоброто од Македонската музика.
- Каква програмска шема ќе понуди радиото?
Петар: Мислам и се трудам да изработиме квалитетна програмска шема за да можеме да ги задржиме и привлечеме слушателите. Ќе има повеќе забавни емисии, журки со Ди Џеи во живо, бендови... но да не откривам сега што и како ќе има, нека не слушаат и ќе видат што се можеме да понудиме. Гарантирам дека ќе биде доста интересна и забавна шема за сите генерации.
Ристе: Музиката не ја делиме на дневни или месечни хитови туку на македонска музика секоја нова песна излезена од македонски автор влегува во сите останати песни и се бори за да остане во увото на слушателите и никогаш да не изумре.
Тони: Нашиот тим секојдневно работи на подобрување на “старите“ емисии и креирање на нови со кои ке им понудиме на слушателите поквалитетни информации и квалитетна музика со што би постигнале едно задоволително ниво на слушаност и квалитет.
- Музиката од соседните земји целосно ја обои и Македонија. Како и колку сметате дека ова радио ќе успее да ја промовира и популаризира македонската музика?

Петар: Сметам дека ќе успееме да ја промовираме македонската музика и да ја популизираме. Ќе успееме да им докажеме на луѓето дека и ние имаме квалитет. Тоа ќе го докажеме со сите информации кои што ќе можат да се најдат кај нас на страницата.
Ристе: Со голема моќ од наша страна и големо срце мислам дека ќе успееме да докажеме дека Македонија има многу богата музика, но ќе споменам и дека не е баш така лесно по некогаш се судруваме со публиката за таа српска музика ама многу брзо се разбираме.
Тони: Во Македонија имаме големо влијание од странската музика односно најмногу од соседните држави која на врвот од соседите е србската музика. Но тоа не треба да ги обесхрабрува македонските пејачи бидејќи во Македонија има голем број на талентирани музичари кои се достојни да се најдат на самиот врв , според мене треба само да се следи светскиот тренд во изведбата а успехот ќе си дојде самиот по себе.

- Кој е најголемиот хендикеп на македонските песни? Зошто тие не можат да станат хитови како што се на пример останатите од странска продукција?
Петар: Најголем Хендикеп!?... Хммм... Според мене хендикепот не е во македонските песни. Ние имаме квалитетна продукција, квалитетни изведувачи. Не можат да станат хитови како што се странските продукции од проста причина што нашиот народ, ние Македонците, повеќе го сакаме она што е странско без оглед дали е од соседството или подалеку. Мислам дека поради таа причина многу македонски песни не стануваат хитови, само поради слабата слушаност и затоа многу малку се инвестира во Македонската музика.
Ристе: Македонија се бори со финансиите, тоа е најголемиот проблем во оваа држава. Кога би застанал еден менаџер зад естраден уметник многу е полесно и кога менаџерот има своја екипа станува уште полесно но сето тоа треба да се плати, менаџерот неможе да извади толку многу пари за да ги покрие трошковите и затоа уметниците остана сами на себе, рекламата се врши и со снимање на што повеќе спотови и пласирање надвор од државата но за жал сето тоа чини пари.
Тони: Во денешно време многу малку се инвестира во музиката во Македонија, имаме мал број на продукции кои работат квалитетно и го следат трендот од странство, имаме многу мал број на спонзори кои инвестираат во кариерата и напредокот на еден пејач, а најголемиот број на талентирани пејачи немаат можности да се финансираат самите себеси а исто така неможат да пронајдат соодветни спонзори и за жал нивната кариера згаснува многу брзо.
- Која е целта на радиото, што сака да постигне, смени во Македонија?
Петар: Ова интернет радио е направено само со една цел, да може да се промовира македонската музика и македонските пејачи. Да се постигне барем приближно нивото на странските продукции во однос на слушаноста и почита кон македонската музика. Да се промени, односно зголеми љубовта кон македонската музика.
Ристе: Како што кажав и претходно целта на ЛТ Радио-Музичка Станица тоа е едне аудио-пишан медиум споено заедно ја собираат Македонија на едно место.
- Сметате ли дека има доволно слушатели за македонската музика? Зошто да, зошто не?
Петар: Сметам дека има доволно слушатели за македонска музика иако мислам дека нивниот број се зголемува во последните 2-3 год. Претходно немаше некоја поголема бројка на слушатели на македонската музика само поради тоа што не беше многу застапена по радиостаниците. Денес таа состојба се менува.
Ристе: Да можам да кажам дека и ние се зачудивме дека има голем број што ја почитуваат македонската музика и сакаат да ја слушаат.
Тони: Хммм ... Македноската музика можеби не е на самиот врв но достигнува едно задаволително ниво на слушаност и мислам дека ако малку повеќе се вложи труд во Македонската музика, со сигурност процентот на слушаност би пораснал. Но и денешната музика која се наоѓа на македонскиот пазар нема некој голем процент на игнорираност туку напротив има многу добри песни кои поголемиот дел од публиката се пронаоѓа и живее со нив.
- Која е визијата на радиото, кој би бил најголемиот успех или цел која сака да се постигне?
Петар: Визија... Ова веб страница е направена со една визија, приближување на македонските пејачи до публиката. Најголем успех ќе биде тогаш кога ќе можеме добро да ја промовираме македонската музика.
- Дали да се биде музички уредник значи да се прави постојана селекција на песните кои ќе се пуштаат?

Петар: Јас како основач и како главен и одговорен уредник можам да кажам дека не се прави селекција кои песни ќе се пуштаат а кои не, но сепак нека одговорат музичките уредници тие се по компетентни...
Ристе: Точно е дека секогаш постои кој ќе биде прво место и најзастапен... Кај нас нема такво нешто и за наша среќа тоа го избегнавме. Некогап е тешко песните да се средат и да се пуштат јавно, се соочуваме со проблеми како што се вулгарните зборови на раперите па мораме да го средиме и тоа. Колку да е вулгарна сепак ќе се слушне, во ЛТ Аудио архивата влегуваат сите песни без разлика на квалитетот. Квалитетот сепак го одредуваат слушателите, ние само со нив ги споделуваме музичките материјали на изведувачите.
Тони: Да, но освен обична селекција треба да се направи и мало истражување на песните кои се хит, кои предизвикуваат задоволство кај слушателите за слушаноста да биде што поголема, и освен тоа треба да се внимава на времето кого треба да се пушти некоја песна од одреден жанр.
- По кој критериум ќе се избираат изведувачите и композициите кои ќе се пуштаат?
Петар: Критериум... хммм... немаме критериум по кој се избираат изведувачите и композициите. Единствениот критериум, ако можам така да кажам е песните да бидат македонски, односно на македонски јазик или доколку е електронска музика треба да биде од автор од оваа земја. Ќе се промовира се што е македонско!
Ристе: Многу едноставно, секој што ќе се потруди да направи песна ќе биде пуштена. Тоа важи за сите правци на музика.
Тони: Па секако дека предност би имале оние кои веќе се хит или имаат тенденција да станат, но кај нас музиката не се сортира на квалитетна или неквалитетна, ние сме тука да ја промовираме македонската музика во најдобро светло и онакво какво најмногу заслужува, затоа кај нас секогаш се добредојдени и оние кои се на почетокот на својата музичка кариера и тука сме да им ја дадеме нашата подршка преку целиот тек на кариерата.
- Има ли Македонија потреба од вакво радио?
Петар: Па мислам дека има потреба. Ако немаше потреба немаше ни да постои ова радио, односно како што љубам да кажам - музичко-културна станица.

Ристе: Кога не би имала верувајте и ние не би се труделе.
- Зошто треба да се слуша ЛТ радио?

Петар: Поради стоте проценти македонска музика... Ќе има доста емисии, забави и сето тоа за приближување на македонската музика до нашите слушатели. За крај, движете се во ритамот на македонската музика само преку ЛТ радио-музичка станица и слушајте македонска музика, за наше добро!

Петар Ристов - Лоте






Најчитани вести:



Radiolt