Сакам да ги заслужам насловните страници
|
Културно и фино момче кое не се нервира, не сака да се кара со никого, не сака моментална
популарност и е страстен навивач за фудбалскиот клуб Арсенал... Вака накратко се
опишува Александар Белов, дваесет и три годишниот неготинчанец кој анонимните клупски
свирки од пред една година ги замена со концерти во Србија, Црна Гора и Хрватска,
успеши настапи низ Македонија и постојани гостувања во медиумите. Се појави како
едноставно и талентирано момче кое во музичкото шоу “Операција триумф” ненаметливо
успеа да ги собере симпатиите кај публиката. Најмногу е среќен што на овој начин
успеа да биде препознатлив на Балканот и да обезбеди место за успешен старт на музичката
соло кариера.
|
|
Критиките дека по излегувањето од шоутo не ги искористил златните минути на домашната
музичка сцена, ги оправдува со тоа дека не сака моментална популарност туку нешто
што ќе трае. Вели дека никогаш не би сакал да ги полни насловните страници со предизвикување
било какви скандали. После паузата и дилемите во која насока да се движи неговата
кариера, Александар Белов е новиот ексклузивец на “План Б” продукција. Покрај соработката
најавува напорна работа на својот музички материјал и тоа паралелно на македонскиот,
српскиот и хрватскиот музички пазар. Моментално студира менаџмент на универзитетот
МИТ каде е и заштитно лице, а верува дека ќе му се оствари и сонот да заврши и музичка
академија. Реализирајќи ги своите музички потези ветува дека секогаш ќе биде свој
и едноставен, како што впрочем е и досега.
|
Дани и Влатко Илиевски не ми се конкуренција
|
По периодот од една година во која сам се грижеше за својата кариера, одлучи да
работиш со продукција. Бидејќи си новиот ексклузивец на “План Б”, како се случи
соработката и под какви услови влезе таму?
|
|
- После една година кариера, која на самиот старт беше многу еуфорична се решив
и на ваков чекор. Мислев дека многу набрзина ми дојде популарноста и не можев да
се носам со неа, бидејќи во музичкото шоу “Операција триумф” влегов како анонимен
а излегов како еден од најпопуларните на Балканот. Мислам дека овој чекор е добар
за да и се оддолжам на мојата публика. Верувам дека “План Б” ќе придонесе многу
за мојата кариера. Претходно бев во дилема со која продукција да се договорам, но
ете се случи договорот со Кристијан Стефаноски и сега сум нивен ексклузивец. Желбата
за соработка беше обострана и мислам дека сме на вистинскиот пат. Немаме зацртано
конкретни планови, но имаме стратегија како ќе се одвива кариерата. Најпрво ќе следува
спот за новата песна, потоа настапите на фестивалите летово за на есен да излезе
и албумот.
|
|
|
Кога веќе сме кај настапите и соработките, за кои од нив си сигурен дека ќе се случат?
|
|
- Имам песна од Емина Јахович која планираме да биде на албумот.Сеуште сме во дилема
и треба да одлучиме дали таа песна ќе ја пуштиме и во етер како некој летен хит
пред фестивалските настапи или пак ќе се најде само на албумот. Со Емина бевме во
контакт последниве две недели, а за спот ќе видиме.
|
|
Во План Б продукција останати ексклузивци се и Влатко Илиевски и Дани Димитровска.
Ти годи ли ова музичко друштво?
|
|
- Да, зошто да не. Секој од нас има своја публика и различен вид на музика така
што конкуренцијата дефинитивно не постои. Генерално јас не гледам на естрадата како
на конкуренција, како што тоа го прават некои други. Јас добро комуницирам со сите
бидејќи за секого има место на естрадава. Но ете има и такви сфаќања на кои на почетокот
ми беа чудни но ете, видов како функционира естрадата па се навикнав.
|
|
Провоцирам со мојот поглед
|
Една беше на светот моја, една причина се да сторам... Ова се стиховите од твојата
најнова песна “Една” за која фановите веднаш почнаа да ја поврзуваат со некоја личност.
За кого е напишана песната?
|
|
- Песната ја напиша Владимир Дојчиновски-Дојчин, убава и позитивна песна која влегува
во уво. Ќе ти откријам дека не е посветена на никого но можеби јас се пронаоѓам
во неа, но не кажувам ништо друго. Ете, текстот се погоди таков, не беше наменски
па со тек на време ќе видиме за која личност ќе биде, таа што ќе се најде во мојот
живот...
|
|
Многумина велат дека на сликите од твојата нова фотосесија провоцираш. Ја доживеа
ли фотосесијата како таква и бидејќи соработуваше со Дарко Мораитов која порака
сакавте да ја пренесете со ваквите слики?
|
|
- Ова беше навистина брза фотосесија која наменски ја направивме за потребите на
промоцијата на песната и договорот со продукцијата. Фотографиите не беа провокативни,
но погледот ми беше таков. Така сум се наместил и тоа ми се допаднало. На следната
фотосесија ќе го променам и мојот стил.
|
Не сакам моментална слава
|
Има забелешки дека Александар Белов по излегувањето од шоуто не ги искористи своите
“пет минути”. Кој е твојот став?
|
|
- После “Операција триумф” се крена толку голема фама што јас не можев да се носам
со брзата популарност. Имав голем притисок, во моја близина имаше луѓе кои не беа
соодветени за мојата кариера во Македонија. Така продукцијата “Емоушн” ме промовираше
на српскиот пазар. Во Македонија тоа не се почувствува, но големите концерти во
Србија, Хрватска и Црна Гора говорат за искористување на тие минути. Јас секогаш
велам дека кој брзо лета ниско паѓа па затоа се решив малку да се смири таа атмосфера.
Публиката веќе ме знаеше кој сум и каков талент имам па немаше потреба се се спомнува
кој е Александар Белов.
|
|
Не ги искористив петте минути во Македонија бидејќи српската продукција сметаше
дека треба да се смири ситуацијата и во својата земја да тргнам од почеток. Ако
продолжев со исто темпо, за кратко време ќе завршеше цела кариера и таа инстант
слава за која сите знаеме каков и е крајот. Мислам дека направив една пауза и сега
почнувам од почеток професионално да работам на својата кариера. Драго ми е што
Балканот ме запозна, па со работа се надевам ќе го постигнам планираното.
|
|
Подготвен си за еден таков чекор, паралелно да работиш на трите музички пазари?
|
|
- Па да, подготвен сум. Доста време одморав и е вистинско време за нов почеток.
|
|
На домашниот избор за Евровизија настапи два пати и не победи. Очекуваше ли победа
или пак сметаше дека овој музички настап ќе ти овозможи успешен почеток на кариерата?
|
|
- Не знам... Евровизијата според мене е меч со две острици. Кој и да победи секогаш
ќе има негативни коментари, а ако претставникот не направи ништо тешко дека ќе може
да се врати на музичката сцена. И на двете евровизии бев во фаворитите, но јас никогаш
не се доживувам како таков. Сметам дека за да ја претставуваш Евровизија треба да
имаш поголемо музичко искуство. За овој избор ќе сум подготвен кога цврсто ќе застанам
на музичката сцена и ќе имам продукт кој ќе и го понудам на Европа. Тоа не значи
дека досегашните песни не беа квалитетни.
|
|
Бев аматер, сега сум професионалец
|
Пред твоето појавување во јавноста настапуваше во некои локални клубови со бендот
во кој пееше. Какви се денес односите со членовите на бендот по твоето излегување
од шоуто?
|
|
- Можам слободно да кажам дека членовите на бендот со кој настапував половина година
ми се сеуште пријатели. Факт е дека пред да влезам во шоуто бев аматер а сега сум
професионалец, знам што правам и како правам. Можеби не се гледаме често поради
обврските, но тие и понатаму продолжија да настапуваат што ми е многу драго бидејќи
навистина се талентирани. Сега ме нема мене, но сепак јас малку попрофесионално
навлезен во музиката. Не сме искарани.
|
|
Се навикна ли на животот во главниот град?
|
|
- Да, се навикнав и убаво ми е. Веќе една година сум тука а дома во Неготино одам
само за да се одморам. Тука имам многу обврски и се најголемите настани на кои како
јавна личност треба да бидам присутен, така што не згрешив што се одлучив за живот
во главниот град. Во Скопје живеам сам а така и се грижам за мене.
|
Поверојатно е да дојде цунами, отколку да бидам нервозен
|
Што ти донесе, а што ти одзеде популарноста?
|
- Популарноста ми овозможи да го работам она што сум го сакал цел живот а ми го
одзеде она што ми беше убаво. А тоа е приватноста, да правам што сакам без другите
да знаат. Ми го одзеде и слободното време, но кога ќе сфатам дека цел живот сум
го посакувал ова не ми е криво. Се жртвувам за кариерата.
|
|
|
|
Кои коментари досега успеале да те изнервираат?
|
|
- Јас уште во музичкото шоу бев момче кое не се нервира за ништо. Секогаш е така,
поверојатно е да дојде цунами отколку јас да бидам нервозен.
|
|
Додека се бореше за победа во “Операција триумф” имаше поддршка од Македонија, родното
Неготино но најмногу од родителите кои речиси постојано беа во Белград на елиминационите
вечери. Се навикнаа ли мајка ти и татко ти на новиот Александар Белов?
|
|
- Колку и да несакаат се навикнаа. Морам да признаам дека им годи тоа што ме гледаат
на телевизија и убавите работи кои им се случуваат. Не им годи тоа што не сум дома
и не може да ме гледаат секој ден. Но сега веќе се навикнаа веќе и им е нормално.
Тие знаат да ми се јават и да ми дадат по некоја критика. Некогаш не се слушаме
и со денови, но сето тоа е поради многуте обврски кои ги имам.
|
Искреноста ми е мана, бидејќи често се злоупотребува
|
|
Која твоја особина ја сметаш за маана а која тие доблест?
|
- Голема маана ми е што многу спијам. Никако не можам да се разбудам, освен ако
имам некоја неодложна обврска. Се друго би можел да оддолжам. За доблест не сум
размислувал... Маана ми е што сум премногу искрен бидејќи денеска искреноста се
злоупотребува.
|
|
|
Кој збор најмногу те опишува?
|
- Кежуал... Баш сум таков тип. Опуштен, дечко што не се нервира, не се кара со луѓе...
|
|
Ја забележуваш ли твојата популарност?
|
- Да, каде и да излезам морам да се сликам со некого, што искрени ми годи. Всушност
работам за своите фанови, особено од мојот фан клуб кои секогаш ме следат и објавуваат
секакви новости кои се поврзани со мене и мојата кариера. Секогаш одвојувам време
да комуницирам со нив.
|
|
Има ли некоја приватна порака која си ја добил а има необична содржина?
|
- Да, ги има многу. Се изненадив што ми пратија порака од Сао Паоло каде што сум
се појавил на насловна страница. Среќен сум кога ќе ми стигне порака од различни
страни на светот, на пример од Украина и сл.
|
Само Чак Норис може да ме исплаши
|
Кои се трите нешта кои во животот најмногу ти значат?
|
- Музиката е она за кое живеам, но сега ќе ја тргнам настрана. За да ги гледам Арсенал
и Формула 1 би откажал се. Сакам многу да играм и на “плеј стејшн”, интернет, внуката
од која црпам позитивна енергија, дружењето со најбиските... Со момците од Браво
бенд знаеме да заглавиме на некоја игра. Се дружам и со Стефан и Мартин од “Некст
тајм”, Дарко Илиевски, Кристијан од “Операција триумф”.
|
|
|
|
Од што се плашиш во животот?
|
- Само Чак Норис може да ме исплаши ( се смее). Не се плашам од ништо, што е пишано
ќе си дојде.
|
|
Кои се твоите амбиции и планови во иднина?
|
За десетина години се доживувам како Александар Белов со многу албуми, концерти...
Не планирам многу за иднината, тоа што треба ќе си дојде. Ќе бидам она што сум и
ќе и го дадам на публиката тоа што го очекува од мене.
|
Валентин Петрески